Се крати списокот за мечевите со Естонија и Косово

0

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните претквалификации за Светското првенство и дуелите со Естонија и Косово.

Јорданчо Давитков, сега ќе работи само со 12 кошаркари откако Игор Пенов во договор со селекторот одлучил да ја напушти репрезентацијата. Тој доби шанса само на првиот меч со Словачка додека со Бугарија воопшто не влезе во игра.

Откако беа реализирани подготовките во Маврово, Давитков ги ослободи од обврските: Пајиќ, Марковски и Штерјов додека Стајиќ заработи повреда.

Share.

Leave A Reply