Се одложува стартот на новата сезона во АБА лигата?

0

Поради катастрофалната епидемиолошка ситуација во регионот, АБА лигата ќе го одложи стартот на новата сезона. Последните вести велат дека стартот на новата сезона кој е закажан за 19 септември ќе биде пролонгиран за најмалку две недели.

Ова ќе биде веројатната одлука на првите луѓе на лигата кои се во постојан контакт со клубовите. Да потсетиме дека во наредната сезона, Македонија би требало да има два претставника во АБА -2 лигата, која исто така како и елитната лига, би можела да биде пролонгирана.

Share.

Leave A Reply