Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои одбиваат да се повлечат од европската Супер лига, објавија дека се подготвени да преговараат со УЕФА и ФИФА откако Европската куќа на фудбалот синоќа објави дека е поведена дисциплинска постапка против трите клуба.
„Клубовите трпат неприфатлив притисок, навреди и закани за напуштање на проектот. Тоа е целосно неприфатливо откако Спортскиот трибунал им нареди на ФИФА и УЕФА да се воздржат директно или индиректно од какво било дејствие“ – стои во дел од соопштението на Реал, Барселона и Јувентус.
Во исто време беше објавено дека другите 9 основачи на Супер-лигата : Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан ќе бидат казнети со одземање на 5 проценти од приходите од европските турнири во рок од една сезона.