Во организација на Спортското радио 90.3 фм и оваа година медиумите ќе играат фудбал. Терминот е веќе познат – 12 до 15 декември, на локација: сала „Архиепископ Доситеј“ во рамките на о.у. „Круме Кепески“ во населбата Кисела Вода во Скопје.
Неколку дена повторно ќе има дружење, забава и спортување. И оваа година медиумите ќе ги покажат своите фудбалски квалитети во битката за престижното признание. Годинава својот настап на турнирот на медиумите го потврдија: СИТЕЛ, КАНАЛ 5, СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ, АЛФА ТВ, ТВ 24, МРТВ, МТВ 2, КАНАЛ 77 и АЛСАТ М.
Со нетрпение се чека стартот, повторно ќе има добра дружба и се коректен фудбал!