Се повреди и Рамос, пауза две недели

0

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, претрпе повреда на левата нога, и засега се уште е нејасно колку време ќе биде надвор од терените.

„Медицинската екипа на тимот дијагностицира повреда на стапалото на левата нога. Можно е повредата да се усложни при нови оптоварувања”, велат од Реал.

Според првичните прогнози, Рамос може да биде отсутен околу 15 дена. Речиси сигурно, дефанзивецот нема да игра на следниот натпревар против Леганес во Ла Лига. За разлика од Рамос, на овој меч треба да се вратат Виничиус и Карвахал.

Share.

Leave A Reply