Се славеше во соблекувалната на Македонија

0

Ракометарите на Македонија се враќаат од Романија со пораз, но се насмевка на лицата поради изборениот пласман на уште едно Светско првенство.

Домашните ракометари дојдоа до утешна победа против Македонија, а нашите ракометари знаеја како да го прослават успехот во овој бараж двомеч со Романија.

Предводени од Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, се славеше во соблекувалната на нашата репрезентација, а еден од оние кој даваше посебен штимул на трибините, а подоцна во соблекувалната беше токму првиот човек на РФМ кој ја предводеше веселата атмосфера во соблекувалната на Македонија.

 

Share.

Leave A Reply