Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за двомечот со Црна Гора во рамките на ЕХФ недела. Дуелите ќе бидат искористени како подготовка за бараж дуелите со Словенија кои не очекуваат во јуни.
„Ќе одработиме една добра недела со еден двомеч со Црна Гора, кој е од големо значење за нас. Сега ќе видиме до каде е нивната физичка подготовка и да го качиме на едно повисоко ниво техничко-тактичкиот дел“, вели селекторот Симевски во изјава за Спортското радио 90.3 фм.
Дел од ракометарките се веќе тука, дел ќе пристигнат денеска и полека ќе почне финалната подготовка за дуелите со Црногорките закажани за 22 и 23 март во салата во Автокоманда.