Седлоски: се ќе се решава во реваншот

0

Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, потенцирал дека вчерашниот резултат 1:1 на првиот меч со Малме во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе мора да биде дополнителен мотив за реваншот во Струмица.

„Моите фудбалери oдиграа како што беше договорено. Иако имавме шанси да постигнеме погодок и во првото полувреме, ние сме задоволни по ремито на гости. Исто така сакам да потенцирам дека ова за нас е прв дуел во сезоната за разлика од Малме кој веќе игра на големо во шведското првенство“ вели тренерот на Вардар.

„Ќе се сконцентрираме да постигнеме погодок во реваншот и да ги корегираме грешките од првиот меч. Подготвени сме да се пласираме понатаму“, истакна Седлоски на прес конференцијата по мечот во Шведска.

Share.

Leave A Reply