Седлоски: „Верувам во моите момци дека ќе дадат максимум“

0

Македонскиот фудбалски шампион Вардар утре на во Струмица на стадионот „Младост“ ќе го игра реванш натпреварот од второтго квалификациско коло од Лигата на шампионите против тимот на Малме од Шведска.

По резултатот 1:1  остварен на гостински терен, во Вардар се надеваат на конечно ппоминување на второто коло и пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски пред утрешниот дуел беше краток на прес-конференцијата и изјави:

„По првите 90 минути кои ги одигравме во Малме и оној поволен резултат сметам дека на реваншот во Струмица нè очекува многу потежок натпревар и сосема поинаков од оној кој го игравме во Малме. Но, јас верувам во моите момции и во тоа дека сите се максимално подготвени, па кој и да излезе на терен ќе го даде својот максимум“ изтакна Седлоски.

Натпреварот Вардар – Малме се игра утре со почеток од 18.00 часот, а победникот од овој двомеч во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот ФК Копенхаген – Жилина, а на првата средба во Словачка славеше тимот од Данска со 3:1 и е пред пласман во следната фаза.

Share.

Leave A Reply