Седмо место на ЕП во Белград за Оливера Наковска Бикова

0

Изминатите денови во Белград се одржуваше Европското првенство во стрелаштво со воздрушно оружје, на кое учествуваа вкупно 122 спортисти од 27 држави.

Нашата змеја беше преставена од делегација параолимпијци кои имаа свој настап , а најдобар резултат оствари Оливера Наковска Бикова, освојувајќи го седмото место во финалето.

Македонската параолимпијка во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Сепак, во финалните борби нејзините стрелби не беа на посакуваното ниво и на крајот мораше да се задоволи со седмото место.

Александар Јовановски оствари личен рекорд од 550 кругови и го зазеде 13. место во конкуренција на 26 натпреварувачи, додека Ванчо Каранфилов со 546 кругови беше на 17-то место.

Македонските параолимпијци ова Европско првенство го искористија како подготовка за Светскиот куп кој се одржува во Ал Аин (ОАЕ) во февруари 2019 година.

Share.

Leave A Reply