СЕХА го објави датумот за старт на новата сезона

0

Раководството на регионалната ракометна СЕХА лигата денес го најави планот за сезоната 2020/21, а стартот на натпреварите е планиран за 10 октомври.

Наместо дванаесет, оваа сезона ќе се натпреваруваат десет екипи поделени во две групи. Македонија повторно ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм Пелистер, а титулата ќе ја брани Веспрем од Унгарија.

ЦСКА Москва и кинескиот тим Пекинг Универзитет нема да учествуваат во овогодинешното натпреварување.

Група А:
Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе

Група Б:
Еурофарм Пелистер, Веспрем, ППД Загреб, Мешков Брест и Металопластика

По завршувањетоо на групната фаза следува четвртфинале, а веднаш потоа и завршен турнир на четирите најдобри екипи.

Од прв поглед се чини дека Вардар како повеќекратен освојувач на лигата доби полесна група, додека Еурофарм Пелистер ќе има многу тешка задача бидејќи ќе мора да игра против три екипи кои беа дел од Ф4 турнирот од изминатата сезона.

Наскоро треба да биде објавен и комплетниот календар за новата сезона во СЕХА лигата.

Share.

Leave A Reply