Комплетниот состав на новата сезона од СЕХА Газпром ракометната лига ќе биде познат на почетокот на следната недела. Според последните информации, лигата следната сезона ќе брои 12 екипи, како што и беше најавено на состанокот на регионалната лига во Скопје за време на Ф4 турнирот. Засега не се знае дали оваа бројка на учесници ќе биде задржана, затоа што составот не е комплетиран.
Она што е сигурно е фактот дека Горење нема да игра следната сезона, а не е познат статусот ниту на вториот словенечки тим, Целје. Се зборува за можно враќање во лигата на унгарски Веспрем, но и на босанскиот шампион Извиѓач.