Како што најави раководството, СЕХА-лига од наредната сезона дефинитивно ќе има многу новитети.
Секако на прво место се учесниците во ова натпреварување, покрај враќањето на Веспрем и учеството на кинескиот тим, и можното приклучување на грчки Олимпијакос, дебитант во лигата ќе биде Еурофарм Работник, додека местото на Железничар ќе го потполни друга екипа.
Станува збор за Металопластика од Шабац, по нерешените (28-28) со Војводина дојде до решавачкиот бод предност пред Железничар на табелата и следната сезона тие ќе бидат во СЕХА-лига.
Засега неизвесен е изгледот на составот на актуелниот првак и рекордер во регионалното натпреварување, Вардар. „Црвено-црните“ дури по завршување на Ф4 турнирот во Келн ќе имаат јасна слика за својата иднина и како ќе изгледа ростерот на оваа екипа за следната сезона.
Најавата е дека Вардар ќе има конкурентен состав за ЕХФ Лигата на шампионите и СЕХА лигата што е важно за клубот, навивачите, но и за самата лига.