Сејдини и официјално нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија

0

На денешното генерално собрание на ФФМ оджано во Охрид беше избран нов претседател кој ќе ја води нашата фудбалска федерација.

Со 82 гласа „за“, и еден воздржан, и ниту еден против, Муамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини во последните неколку месеци ја извршуваше функцијата В.Д. по оставката на Илчо Ѓорѓиоски. Тој во минатото беше потпретседател на федерацијата. Сејдини ќе биде на чело на федерацијата до 2021 година, кога истекува мандатот на делегатите на Собранието.

Откако беше избран за нов претседател на ФФМ, Муамед Сејдини се заблагодари на делегатите за поддршката, на меѓународните институции како ФИФА и УЕФА, и додаде дека од него како и од сите кои работат во федерацијата се очекува подобрување на начинот на функционирање на федерацијата и на фудбалот.

„Благодарност до сите за укажаната доверба. Голема е честа да се биде на чело на оваа институција. Сакам да ви се заблагодарам на досегашната соработка, но се радувам и на новите предизвици. Се очекува од сите нас, не само од мене, да го подобрите начинот на функционирање на федерацијата и фудбалот воопшто. Оваа федерација секогаш ќе биде добродојдена за нови идеи, и за сите оние кои му посакуваат добро на фудбалот во Македонија. Сакам да изразам голема благодарност од ФИФА и УЕФА за поддршката, и се радувам на идната соработка како и досега. ФФМ ќе даде огромна поддршка на сите национални селекции“, изјави новиот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

Share.

Leave A Reply