Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, му честиташе на Џани Инфантино кој денеска ја доби довербата на делегатите и се избори за нов мандат да остане на чело на Светската фудбалска федерација – ФИФА.
„Во името на ФФМ и мое лично име, би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да му пожелам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија“ – изјави Сејдини.
На денешниот конгрес во Париз, Џани Инфантино доби уште четири години на чело на ФИФА што значи таму ќе остане до 2023 година.