Сејдини се огласи на страната на ФФМ

0

Првиот човек на мак-фудбалот, Муамед Сејдини, им честиташе на нашите најдобри фудбалери за освоените бодови на терените во Бер Шева и во Рига. Избраниците на Ангеловски по мечевите со Израел и Летонија прокнижија четири бодови и се вратија во трката за челните позиции во групата – „Г“.

„Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и Летонија. Уживавме во убави фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите што препознаваат „срце на терен“ во овој тим“ – потенцираше претседателот на нашата фудбалска репрезентација.

Нашите фудбалери наредниот предизвик ќе го имаат на 10 октомври на домашен терен против Словенија.

Share.

Leave A Reply