Сексипилната тенисерка се повлече од терените

0

Даниела Хантухова стави крај на кариерата на 34 години. Тенисерката од Словачка во 2002 година го освои првиот голем турнир во Индијан Велс откако во финалето ја победи Мартина Хингис. Нејзиниот најголем успех на Грен Слем е учеството во полуфиналето на „Australian Open“ во 2008 година.

Таа играше во четвртфиналето на „Вимблдон“ во 2002г и два пати стигна до таа фаза на „US Open“ (2002, 2013). Еден од нејзините посебни успеси е триумфот на „ФЕД купот” со Словачка во 2002 година. Хантухова која заработила преку 10 милиони долари од наградните фондови, стигна до број 5 на ВТА листата а има освоено вкупно 7 титули.

„Дојде време да се откажам од професионалниот тенис. Тоа не значи дека се збогувам со тенисот. Благодарна сум за сите неверојатни нешта кои ми се случија на теренот и надвор од него. Започнав нов дел од мојот живот ” вели Хантухова.

 

Share.

Leave A Reply