Селекцијата У-19 покажа квалитет на собирот во Скопје

0

Нажите фудбалски надежи У-19 со максимален ефект или три од три го обезбедија првото место на квалификацискиот турнир за влез во елитната фаза на УЕФА за пласман на ЕП кој се реализираше на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија во последното коло беше супериорна против Лихтенштајн и славеше со  6:0. Во голеадата што ја приредија избраниците на селекторот, Вујадин Станојковиќ, голгетерот Митровски постигна три погодока а Чурлинов, Миовски и Колевски по еден гол.

Во вториот меч во групата Белгија ја совлада Швајцарија со 5 спрема 3 и го обезбеди второто место.

Share.

Leave A Reply