Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот со Романија, а селекторот Раул Гонзалес ги одбра 16-те ракометари, кои што ќе и се спротистават на Романија на оваа прва средба за пласман на Мундијалот во Германија и Данска наредната година во јануари.
Изминатава недела селекторот Раул работеше со 20 ракометари, а од нив за денешниот дуел отпаднаа голманите Златко Даскалоски и Мартин Томовски, левото крило Гоце Ојлески и средниот бек Горан Крстевски. Ова значи вечерва во составот на Македонија ќе бидат:
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва со почеток во 20.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а судиите доашаат од Литванија, Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис. Делегат е Антон ван Донген од Холандија.
Реванш натпреварот меѓу овие две репрезентации ќе се игра во Клуж на 13 јуни од 17.30 часот.