Фудбалерот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо, ќе биде надвор од игра до крајот на октомври откако се повреди на пријателскиот меч меѓу Аргентина и Чиле.
Веднаш по мечот играчот од средниот ред кој беше купен од Бетис за 55 милиони фунти, изјави, дека повредатa не е сериозна но, денеска клубот објави дека 27-годишниот фудбалер ќе отсуствува од шест до осум недели.
Тоа значи дека Ло Селсо нема да му биде на располагање на тренерот, Маурисио Покетино, за дуелите во Премиер-лигата против Кристал Палас, Лестер, Саутемптон, Брајтон, Ватфорд и Ливерпул. Аргентинецот ќе ги пропушти и натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите со Олимпијакос, Баерн Минхен и најверојатно со Црвена Ѕвезда.