Сем Алердајс е кандидат за селектор на Шкотска

0

Поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс е еден од кандидатите што ќе го предводи националниот тим на Шкотска.

Други опции за оваа функција според  „Дејли телеграф” се поранешниот менаџер на Кардиф Малки Макеј и познатиот поранешен тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед Дејвид Мојс.

Како што е познато, вчера Гордон Страхан поднесе оставка како селектор на Шкотска, откако тимот не успеа да се пласира за Мундијалот 2018.

Сем Алардајс беше на чело на националниот тим на Англија во периодот 22 јули – 4 септември 2016 година. За тоа време Англија одигра само еден натпревар (победа над Словачка со 1:0). Потоа, Биг Сем поднесе оставка откако неговото име беше вмешано во скандал со сомнителни договори за обезбедување работни визи за фудбалерите.

Share.

Leave A Reply