Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семења, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите.
По промената на правилата во 2019 година, Семена не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија.
Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.