Трката на 800 метри кај жените на Дијамантската лига во Јуџин на 26 мај ќе биде максимално атрактивна бидејќи ќе ги собере речиси сите познати атлетичарки кои имаат забележителни резултати во таа дисциплина.
Најголемата ѕвезда ќе биде Кастер Семења –двократната олимписка и трикратнатас светска шампионка. 27-годишната атлетичарката од Јужна Африка има серија од 22 последователни победи која започна во 2015 година. Семења е двократен добитник на дијамантскиот трофеј во трката на 800 метри.
Таа претходно во текот на месецов ги освои златните медали на 800 и 1500 метри на Игрите на Комонвелтот во Голд Кост. Во Јуџин ќе стартува и Франсин Нионсаба која заврши втора на 800 метри на Олимписките игри во Рио во 2016 година и на Светското првенство во Лондон во 2017 година. За првото место ќе конкурира и Аџи Вилсон која е рекордерка на САД на патеката од 800 метри.