Сенегал без Кулибали во финалето против Алжир

0

Сенегал ќе биде без клучниот дефанзивец Калиду Кулибали во финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации против Алжир. Централниот дефанзивец, кој се смета за еден од најдобрите на својата позиција во светот, доби втор жолт картон во три натпревари и нема да може да игра во битката за трофејот.

„Штета е што ќе бидеме без Калиду, и тој е многу важен за нашиот тим и ние ќе играме за него”, изјави играчот од средниот ред, Папе Алиуне Ндиае, откако го добија мечот против Тунис со 1:0 во полуфиналето.

Калиду Кулибали, кој е играч на Наполи, го доби жолтиот картон поради игра со рака.

Share.

Leave A Reply