Сенси не е сериозно повреден, ќе се врати за десетина дена

0

Играчот од средниот ред на Интер, Стефано Сенси не заработи сериозна повреда и се очекува да биде подготвен да игра веднаш по паузата за репрезентативните натпревари.

24-годишниот играч го напушти теренот во дерби натпреварот со Јувентус поради повреда на мускулот. Поради оваа причина, тој нема да игра за репрезентацијата на Италија во квалификациите за ЕУРО 2020 со Грција и Лихтенштајн. Сепак, Интер објави дека проблемот не е толку сериозен и дека станува збор за истегнување на мускул во колкот.

Во наредните денови, тој ќе помине дополнителни тестови, кои ќе покажат точно колку долго ќе отсуствува од теренот. Сенси брзо се етаблираше како важна фигура во составот на Интер по неговиот трансфер од Сасуоло во текот на летото. Досега има 3 гола на 7 натпревари во дресот на Интер.

Share.

Leave A Reply