Серена ќе се врати на турнирите

0

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Серена Вилијамс (САД), ќе се врати на теренот на демонстративниот турнир во Абу Даби на крајот на наредната недела, соопшти локалното издание – „The National“.

Вилијамс ќе игра меч на 30 декември. 36-годишната Американка не играла од крајот на јануари кога ја освои 23-та титула на Грен Слем турнирот во Австралија.Потоа таа објави дека е бремена и на 1 септември ја роди ќерката, Алексис Олимпија.

Вилијамс повеќе од еден месец е има активен тренинг и нема намера да ја заврши професионалната кариера. Таа дури планира да ја брани титулата во Мелбурн во јануари ако е физички подготвена.

 

Share.

Leave A Reply