Серена нема да се појави во „вечниот град“

0

Црномурестата тенисерка, Серена Вилијамс, се определи да го пропушти силниот турнир кој во наредниот период ќе се реализира во Рим.

Американката која го освои победничкиот пехар на првиот сезонски Грен Слем во Австралија и го има второто место на ВТА листата, се определи да прескокне неколку турнири. Таа во претходната сезона во Италија успеа да го освои првото место бидејќи во финалето ја совлада нејзината сонародничка, Медисон Кис.

Според тоа што е објавено, Серена Вилијамс, ќе биде активна на Мастерсот во Мадрид предвиден од 6. до 13 мај.

Share.

Leave A Reply