23-кратната победничка на турнирите од Грен Слем серијата, Американката Серена Вилијамс го претрпе својот најтежок пораз во кариерата. Синоќа во меч од 2. коло на тенискиот турнир во Сан Хозе (САД), Вилијамс беше декласирана од Британката Конта со 6:1, 6:0.
За поранешниот прв рекет на светот, овој пораз беше најтешкиот во кариерата. Претходно, 36-годишната Американка никогаш не дозволила да загуби со само еден освоен гејм на меч на овицијален турнир.
Во 1998 година, на турнирот во Оклахома, таа го имаше досега најубедливиот пораз од тогашната Јужноафриканка Кругер со 6:1, 6:1.