Серхио Рамос пред 100-ти гол во клупската кариера

0

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е пред уште едно големо достигнување во неговата кариера, пишува весникот „АС“.

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да го постигне својот стоти клупски гол при гостувањето во Гранада. Дефанзивецот на Реал Мадрид има 96 голови постигнато како играч на Реал Мадрид и три гола за Севиља.

Тој исто така има 21 погодок за шпанската репрезентација. Првиот гол на Серхио Рамос беше на 16 септември 2004 година, кога тој постигна гол за Севиља во натпревар против Португалскиот тим Насионал Мадеира. Потоа потпиша со Реал Мадрид. Од 99-те клупски голови, 19 се по изведување на пенал.

Share.

Leave A Reply