Серијата се сели во СЦ Борис Трајковски

0

Кошаркарите на Карпош Соколи и на МЗТ Скопје денеска ќе ја продолжат битката за шампионскиот пехар.

Вториот меч од финалната серија во плеј-офот ќе биде реализиран доцна вечер од 20. часот во СЦ Борис Трајковски. Гостите ќе влезат со предност од 1-0 откако во текот на викендот успеаа да слават во драматичен меч со 77 спрема 76.

На средбата одиграна во СЦ Јане Сандански, популарните „соколи“ имаа шанса да направат брејк, но, Доминик Мавра во последната секунда не успеа да реализира шут за тројка. Шампионската титула ќе ја освои екипата која ќе стигне до три победи.

Share.

Leave A Reply