Сет замина во карантин

0

Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, бил позитивен на КОВИД-19 пред вчерашниот меч со Бруклин Нетс.

Тој не се појави на теренот поради болка во левата нога, но, седеше на клупата во текот на првата четвртина бидејќи сè уште не го знаеше резултатот од тестот. Веднаш штом му беше кажано, Кари ја напушти салата и замина во самоизолација.

Потоа целиот тим на Филаделфија мораше да остане во карантин во Њујорк и да се подложи на нови тестови за КОВИД-19.

Share.

Leave A Reply