Севиља, конечно, го договори Андре Силва

0

Севиља конечно се договори со Милан за напаѓачот Андреа Силва, кој ќе стане седмо ново засилување за Шпанците во новата сезона.

Првично Португалецот ќе игра под наем кај андалузијците,  а по завршувањетоо ба тековната сезона, шпанскиот тим ќе може да го откупи неговиот договор за 35 милиони евра.

Силва денеска ќе пристигне во јужниот шпански град, за да ги мине медицинските тестови и да го комплетира трансферот, по што ќе стиска палци за новиот тим на дуелот утревечер од Суперкупот на Шпанија против Барселона.

Севиља потроши речиси 60 милиони евра за нови играчи со надеж дека оваа сезона е го подобри пласманот од минатата, кога заврши на 7. позиција.

Share.

Leave A Reply