Севиља потврди за враќањето на Мончи во клубот

0

Севиља официјално го објави враќањето на Мончи како спортски директор на клубот. Тој ќе стапи на должност на 1-ви април, а во понеделник ќе биде претставен пред медиумите.

Познатиот спортски директор помина 17 години како директор во андалузискиот тим пред да се приклучи на Рома во 2017 година Пред девет дена тој сепак ја напушти функцијата во италијанскиот тим. Значи, за него ова ќе биде втор период како дел од раководството на Севиља. Во претходниот клубот ја освои пет пати Лига Европа, два пати Купот на кралот и по еднаш Суперкупот на Шпанија и оној на Европа.

Благодарение на него тимот оствари редица големи трансфери на играчи како Дани Алвеш, Жулио Баптиста, Сејду Кеита, Иван Ракитич и Федерико Фацио, од негова страна беа купени за далеку помали суми на пари, а клубот заработи многу со нивната продажба.

Share.

Leave A Reply