Сезоната се отвора со големото „црвено-црно“ дерби

0

Со големото дерби во тетово меѓу Шкендија и Вардар попладнево стартува 26. фудбалско првенство на Македонија. Покрај дуелот на Градскиотс тадион во Тетово, денеска ќе се сретнат и Работнички и Ренова исто така во меч од премиерното овосезонско коло.

Вниманието на јавноста е насочено кон дуелот на двата најдобри тима од минатата сезона, кои и оваа година ќе останат двата најсериозни кандидати за освојување на шампионската титула. И двата тима пред себе имаат уште еден европски предизвик, па овој меч ќе биде и генерална проба пред дуелите со Милан и Фенербахче следната недела.

Останатите дуели од 1. коло се играат утре. Дерби ќе има во Прилеп, каде Победа го дочекува Пелистер, а новакот Академија Пандев гостува на „Чаир“ против Шкупи. Во последниот меч Силекс во Кратово е домаќин на Скопје.

Share.

Leave A Reply