Шабан Трстена ја продолжува традицијата

0

Прославениот борач и Олимпискиот шампион, Шабан Трстена, денеска на посебна свеченост им додели „Златен олимписки оскар” на новинарите, Мирослав Наумовски и Антон Серечи, Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски, како и на почесниот претседател на Боречката Федерација, Ванчо Чифлиганец и на Вториот канал на МТВ.

 

Во знак на благодарност за афирмацијата на борењето и неговите настапи во минатото, Шабан Трстена истакна дека сите резултати кои ги постигнувал биле следени низ медиумите, а луѓето кои дале голем придонес за развојот на борењето се првиот човек на Сојузот на спортови на Скопје, како и поранешниот предводник на Боречката федерација на Македонија.

Share.

Leave A Reply