Шалке го почна ремонтот со нов голман

0

Катастрофалната сезона на Шалке 04 која штотуку заврши го натера менаџментот да се фокусира на трансфер пазарот.

Според „Билд“, клубот пронашол нов голман во личност на Александар Шволов од Фрајбург. Тој веќе ја дал согласност за трансфер во Гелзенкирхен, но сега останува раководството да се договори. Цената на голманот е околу 8 милиони евра.

На „Фелтинс арената“ 28-годишниот голман ќе го замени Александар Нјубел, кој оди во Баерн (Минхен). Доколку нешто не успее во последен момент, Шволов веројатно нема да остане во Фрајбург, затоа што има интерес за него од Ајакс, Херта (Берлин), Севиља и Бенфика. Шалке ја заврши сезоната со 16 последователни натпревари без победа во Бундеслигата – нов клубски анти-рекорд.

Share.

Leave A Reply