Ракометарите на Вардар од денеска се во Германија. Тие во текот на викендот во Келн ќе настапат на завршиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.
Македонскиот и воедно европскиот шампион прв пристигна на добро позната локација на која во изминатата сезона се израдува на првиот европски трофеј. Трите екипи од Франција кои исто така ќе бидат дел од завршницата треба да пристигнат во попланевниве часови.
Вардар одбраната на пехарот ќе ја започне в сабота од 18.00 против Монпелје. Претходно од 15.00 часот во првото полу-финале ќе играат Нант на нашиот Кире лазаров и екипата на ПСЖ.