Шампионот Баерн гостува кај Лацио на „Олимпико“

0

Екипите на Лацио и Баерн (Минхен) ќе се сретнат вечерва од 21.00 часот на „Олимпико“ во Рим во првиот 1/8 финален меч од Лигата на шампионите. Двете екипи никогаш не играле едни против други и ова го прави дуелот уште повозбудлив.

Баварците се актуелен освојувач на трофејот, а во Катар ја додадоа и титулата на Светското клупско првенство, што беше шести можен клупски трофеј во сезоната.

По триумфот, Баерн покажа слабост во Бундеслигата. Прво, едвај стигна до нерешен резултат 3:3 против Арминија (Билефелд), а во последното коло загубија со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт. Овие резултати секако ја разнишаа самодовербата кај играчите.

Римскиот тим има 3 победи и 1 пораз од лидерот Интер на последните четири натпревари и со голема самодоверба го очекува дуелот со шампионот Баерн Минхен.

Тренерот на Баерн, Ханзи Флик има многу кадровски проблеми. Томас Милер и Бенжамин Павар беа позитивни на коронавирус. Повредени се Серж Гнабри, Корентин Толисо, Даглас Коста, Танги Нијанзу и Александар Нјубел.

Добрата вест за Баерн е поврзана со добрата форма на Роберт Левандовски, кој не престанува да постигнува голови.

Улогата да го запре Левандовски ќе ја има искусниот Франческо Ачерби, кој има искуство во одбраната со своето богато миното.

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, го опиша мечот со Баварците како кулминација на неговата работа на чело на оваа екипа во последните пет години. Инзаги исто така со нетрпение го очекува дуелот помеѓу освојувачот на „Златната копачка“ Чиро Имобиле и Роберт Левандовски.

Вечерва сигурно ќе имаме интересен дуел, но можно е конечниот победник да биде познат по реваншот на 17 март во Минхен.

Веројатни состави::
Лацио: Реина, Патрик, Ачерби, Мусакио, Леива, Лаѕари, Милинковиќ-Савиќ, Алберто, Марушиќ, Кореа, Имобиле.
Баерн: Нојер, Дејвис, Ернандез, Боатенг, Зуле, Алаба, Кимих, Коман, Горецка, Сане, Левандовски.

Share.

Leave A Reply