Шампионскиот тркачки костум на Розберг продаден за 45.000 евра

0

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг, на аукција го продаде својот шампионски тркачки костум со кој минатата година возеше во болидот на Мерцедес до шампионската титула.

Како што објави самиот возач на својот Twitter профил, на аукција костумот е продаден за цена од 45.000 евра.

„Леле… 45.000 евра вкупно. Многу големо благодарам до купувачот. Парите ќе одат во Фондот за поддршка на децата во Буркина Фасо“, напиша Розберг на својот Twitter профил.

Инаку пилотот изненадувачки по шампионската сезона реши да се повлече од Ф1 натпреварувањето.

rozberg kostum

Share.

Leave A Reply