Шарапова не доби покана а Лестиен ќе може да игра,…

0

Организаторите на „Ролан Гарос“, кои одбија да и дадат „вајлд карта“ на Марија Шарапова која мораше да одлежи казна поради користење допинг, изненадувачки му  дадоа покана за учество во квалификациите на францускиот тенисер, Констан Лестиен.

Тој беше санкциониран од страна на Меѓународната тениска федерација (ITF) поради обложување на тениски мечеви. Тој во септември во 2016 година беше казнет со забрана за настап во период од седум месеци и згора парично со 10.000 долари.

24-годишниот Лестиен во моментов го зазема 253-то место на светската АТП листа. Негов најдобар пласман му е 164-то место регистрирано во септември во изминатата година.

Share.

Leave A Reply