Руската тенисерка Марија Шарапова нема да учествува на тенискиот турнир во Синсинати, објави прес-службата на натпреварот.
Шампионката од 2011 година требаше да биде на листата на учесници, но засега не е позната причината за нејзиното откажување. Натпреварувањето во американскиот град ќе се одржи од 11 до 19 август.