Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата, Марија Шарапова, пред настапот на турнирот во Штудгарт изјави, дека не е во посакуваната форма и дека и треба поголем период да се врати на победничките патеки.
„Сега немам толку самодоверба во мојата сила како што беше некогаш. Самодовербата е многу значајна не само во тенисот туку во сите сегменти од животот“ изјави Русинката која во моменто го има 41. место на ВТА.
Познато е дека Шарапова мораше да издржи казна од 15 месеци откако беше позитивна на допинг тест. Атрактивната тенисерка има 36 трофеи од различни турнири.