Шарапова размислува за нов чекор во животот

0

Сексипилната тенисерка од Русија, Марија Шарапова, верува дека е подготвена да создаде семејство и дека ќе биде добра мајка.  Таа имаше интервју за – „Tennis World USA“ во кое одговори на повеќе прашања.

„Каде се гледам по 20 години? Тоа е интересно прашање. Во моментов сум исполнета со позтивна енергија.  Едно знам сигурно – сакам да бидам добра мајка и сопруга“ – вели Шарапова.

Ќе потсетиме дека Русинката која во еден период беше санкционирана поради допинг-афера, сега е во интимна врска со американскиот милионер, Александар Гилкс.

Share.

Leave A Reply