Шифрин доминираше на патеката во близина на Загреб

0

Скијачката од САД, Михаела Шифрин, беше најбрза на денешниот слалом кој се возеше во рамките на Светскиот куп.

Таа на патеката – „Сљеме“ во двете возења постигна вкупно време од 2:01,90 минути што беше доволно да се искачи на највисокото место на пидесталот. Втората позиција ја обезбеди Петра Вихова додека Венди Холендер имаше трет резултат.

Шифрин со 52-та победа во Светскиот куп, ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 1.214 бодови пред Вихова со 748. Шифрин со 680 бода води и во поредокот во слалом пред Вихова со 580 и Холендер со 375 бодови.

 

Share.

Leave A Reply