Шифрин останува неприкосновена на врвот

0

Американската скијачка Михаела Шифрин ја продолжи доминацијата во Светскиот куп во алпско скијање. Актуелната шампионка ја оствари и четвртата победа во низа откако денеска беше најдобра во слаломската трка одржана во словенечкиот центар Крањска Гора.

Шифрин до 42-ра победа во кариерата стигна пред Швеѓанката, Фрида Хансдотер и трето пласираната Венди Холденер од Швајцарија.  Таа со новите бодови ја зголеми предноста во  генералниот пласман во однос на второ рангираната Петра Влхова од Словачка.

Американката со деветтата сезонска победа во Светскиот куп сигурно го држи првото место во генерален поредок со 1.281 бод. Зад неа се: Швајцарката, Венди Холденер која има 560 и трето рангираната Влхова со 554 бодови. Наредната трка во рамките на Светскиот Куп е закажана во втроник во швајцарскиот скијачки центар Флахау.

Share.

Leave A Reply