Американката Михаела Шифрин е победничка на денешната слаломска трка одржана во Марибор, со оваа победа таа стихна до својот 56-ти триумф во кариерата.
Со овој триумф и вчерашната победа во велесллом, Шифрин е освојувачка на „Златната лисица“.
Лидерката во генералниот пласман оваа година имаше две одлични возења по кои зад себе ја остави Швеѓанката Ана Свен Ларсон која заостана 77 стотинки. На третото место се пласираше Швајцарката Венди Холденер, додека една од главните ривали на Шифрин за малиот критален глобус во слалом, Петра Влхова, ја освои само петтата позиција.
Со оваа победа американската скијачка ја зголеми предноста во генералниот пласман и е на чекор до третата севкупна победа во низа.
Трката во Марибор беше последна пред стартот на Светското првенство, кое започнува во вторник во шведскиот скијачки центар Оре.