Шифрин отвори со победа, Вон имаше стравичен пад

0

Скијачката од САД, Михаела Шифрин, покажа дека е во фантасична форма откако супериорно го освои златниот медал во денешниот супер-велеслалом со кој започна Светскиот шампионат во алспко скијање.

Таа на патеката Оре во Шведска забележа време од 1:04:89 минути што  беше доволно за да се искачи на највисокот место на пиедесталот. Среброто заврши на градите на Софија Гоџа од Италија додека со бронза се накити Швајцарката, Корин Зутер.

Стартот на шампионатот во Скандинавија беше несреќен за легендата на белите спортови, Линдзи Вон, која имаше атрактивно и неконтролирано излетување од патеката, но, за среќа помина без сериозни последици.

 

Share.

Leave A Reply