Американската скијачка Микаела Шифрин влезе во историјата на светското скијање откако ја запиша 15. победа на трките од Алпскиот куп во една календарска година.
Таа на слаломот во Семеринг успеа да ги остави зад неа Петра Влхова од Чешка и Венди Холендер од Швајцарија. Американката влезе во историјата на скијањето како единствената што успеала да забележи 15 победи во една календарска година.
Микаела Шифрин доминира во слаломот и во генералниот пласман во светскиот куп во алпско скијање.