Шифрин повторно доминираше на патеката

0

Американската скијачка, Михаела Шифрин, победи на денешниот слалом во Чешка со што само ја потврди доминацијата во таа дисциплина и малиот кристален глобус. Второто место на денешната трка го обезбеди Швајцарката, Венди Холденер со заостанување од 0.85 секунди додека трет резултат оствари  скијачката од Словачка, Петра Влхова.

Шифрин која е апсолутно доминатна во тековнава сезона бидејќи ги обезбеди титулите во генералниот пласман и во слалом, сега ќе ја продолжи битката за Кристалните глобуси во велеслалом и супер-велеслалом.

Во генералниот пласман Шифрин има 1954 бодови или 719 повеќе од второпласираната Влхова и 1011 од Холденер. До крајот на Светскиот куп останаа уште трките во Андора од 13 до 17 март.

Share.

Leave A Reply