Шилегов: Градот ќе вложува уште повеќе во училишниот спорт

0

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на свечена церемонија во малата сала во СЦ Борис Трајковски, го означи почетокот на пролетниот дел од средношколските лиги кои се одвиваат во ракомет, одбојка, кошарка и футсал во машка и женска конкуиренција паралелно со индивидуалните спортови.

„Јас како градоначалник ќе направам се традицијата на лигите да продолжи и да биде уште подобра. За мене како човек е многу значајно Вие како млади генерации да вложувате во спортскиот дух и да го развивате другарството преку спортот.“ вели  Шилегов.

„Во буџетот на град Скопје за 100-те најдобри спортисти средношколци се предвидени стипендии во вкупен износ од три милиони денари или најдобрите спортисти на градот ќе добиваат по 3000 денари по наредните осум месеци. Мотив повеќе за Вас да вложувате во спортот ќе биде реновирањето на салите како и фактот дека најдобрите машки и женски екипи кои ќе бидат победници на лигите, ќе имаат можност да заминат во еден од збратимените градови на град Скопје“ – потенцираше таткото на град Скопје.

Share.

Leave A Reply